Почитувани,

Криминалната ВМРО-ДПМНЕ ја потценува колективната меморија и интелегенцијата на
граѓаните на Општина Прилеп.

Петар Ристески, првиот човек на ОК на ДПМНЕ од Прилеп и поранешен директор на
прилепската болница, наместо со лажни обвинувања да се крие зад партискиот
портпарол, треба да објасни зошто ја остави болницата без специјалистички кадар
скоро во сите одделенија, во руинирана состојба и во милионски долгови.

Експертот за партиски вработувања, Петар Ристески, впрочем, самиот им порача на
вработените дека сите тие се вработени не затоа што се способни, ами дека се
партиски членови и дека ако биле спосбни ќе работеле во приватното здравство.

Криминалната и антизападна ДПМНЕ останува симбол за 12 годишното владеење со
црни тефтери, партиски списоци, корпуција, непотизам, заради што квалитетните
кадри од здравството и другите професии ги напуштаа Прилеп и Македонија.

За среќа тоа време заврши и никогаш нема да се повтори.

Новата власт предводена од СДСМ ги решава проблемите и вложува во квалитетно и
подобро јавно здравство.

Почнувајќи од јануари 2019 година, се поткреваат платите за лекарите специјалисти за
десет отсто, а од септември истата година за пет отсто повисоки плати за вработените
во здравството, образованието, градинките, одбраната, државната администрација,
полицијата и правосудството.

СДСМ сигурно ја остварува својата цел, а тоа е граѓаните да ги наоѓаат најдобрите
лекари во јавното наместо во приватното здравство.

Започнат е процесот на реформи, професионализација и реални инвестиции во
здравствениот систем, со цел граѓаните да ја добиваат заслужената и квалитетна
здравствена заштита со европски квалитет во јавните здравствени установи.

Центар за комуникации со јавност
ОО СДСМ Прилеп 05.12.2018