Заради злоупотребите на екс градоначалникот Ристески се распаѓа салата Партизан

Гоце Макалоски –Комисија за спорт при ОО на СДСМ Прилеп

Почитувани,

Благодарение на екс градоначалникот Марјан Ристески и ВМРО-ДПМНЕ, спортската сала „Партизан“ во Прилеп каде некогаш се одржуваа државни и меѓународни натпревари во најразлични спортови, буквално е распадната.

Граѓаните и спортистите, со години апелираа и прашуваа зошто овој некогашен репрезентативен спортски објект е запуштен е руиниран, и зошто поранешната локална власт на чело со Ристески и ВМРО-ДПМНЕ не преземаше ништо?

Еве зошто: Како градоначалник на Општина Прилеп, Марјан Ристески, уште во 2007 година склучил договор со којшто без надоместок ги издал под закуп објектите на друштвото „Партизан“.

Правното лице што се појавува како закупец имало обврска согласно договорот да реализира инвестициски зафат во објектот во вредност од 150.000 евра, што никогаш не се реализирало.

Марјан Ристески, му дозволил на закупецот незаконито да располага со објекот, со тоа што знаел или бил должен да знае, дека закупецот не ги исполнувал обврските согласно договорот.

За сето ова новата гарнитура на Општина Прилеп вчера ја информираше јавноста, поднесе кривична пријава до ОЈО против Марјан Ристески за „несовесно работење во службата“ и го раскина договорот за закуп на спортската сала.

Со ваквите повреди на законските прописи, како што информираше општината, Марјан Ристески и нанел штета на Општина Прилеп во вид на изгубена добивка од закуп на објектите на друштвото „Партизан“, во висина од 202.986 евра.

Токму со овие недомаќински политики на Ристески и ВМРО-ДПМНЕ, спорот во Прилеп го достигна дното.

Новата локална и централна власт предводени од СДСМ, со домаќински и одговорен пристап работи на враќање на спортскиот сјај на спортската сала „Партизан“.

Спортот во Прилеп го враќаме на заслужениот пиедестал.

Зборот е збор!

Со почит,

Центар за комуникации со јавност

ОО СДСМ Прилеп