Запрен откупот во Тутунски заради 650 тони лански непродаден тутун?

sugareski1801Пресконференција- Горан Сугарески, Пратеник во Собрание на Р.Македонија

Почитувани,
СДСМ во континуитет во Парламент и надвор од него, укажува дека ВМРО-ДПМНЕ го уништи Тутунски Комбинат!
За жал на сите тутунопроизводители се потврди дека за сите констатации сме биле во право. Дека тоа е така, потврдуваат затворените врати за откуп од Тутунски комбинат, пред коишто сега стоиме.
Тутунарите од Прилеп и регионот ги интересираат сегашноста и иднината! Со право очекуваат маката и трудот, чесно да им бидат платени. Со право бараат вистинска цена и класа за својот тутун!


Г-дине директоре на Тутунски комбинат, Дерменџиев, изминатиов период, и Вас и Груевски и Пешевски, Ве прашав, но од никој од вас не добив одговор, дали е точно дека продавате цигари под цена на чинење и дали е тоа една од причините за над 70-те милиони евра загуби?
Г-дине Дерменџиев, побарав информација од Владата, која е вистината за стопирањето на откупот? Немате финансиски средства, или пак, имате залиха на непродаден тутун од минатата реколта? Повторно не добив одговор!
Нашите сознанија говорат дека во магацините на Комбинатот има околу 650 тони заостанат, непродаден тутун од ланската реколта. Или,тоа би значело, околу 2 милиона евра врзани пари. Дали е ова точно?
Ако е така, тогаш пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Панче Дамески и Груевски, ги лажат прилепчани. Дамески кажа на Комисијата за земјоделство, дека прилепскиот Тутунски комбинат нема залихи.
Г-дине Дерменџиев, ако е точно дека немате обезбедно пари за продолжување на откупот, за таквиот скандал, незапамтен во историјата на Комбинатот, треба веднаш да си поднесете оставка Вие и целиот менаџерски тим, поставени и назначени директно од Владата на ВМРО-ДПМНЕ.
Новинарско прашање:
Тутунарите се жалаат на лош откуп, ниска цена и манипулација со класите тутун. Како опозиција, што и предложивте на Владата за подобрување на откупот на тутунот?
На Владата и предложивме три заклучоци:
Првиот заклучок беше:
Побаравме од Владата, да му наложи на Министерството за земјоделие и на инспекторатот за земјоделство да ги зајача сите контроли, согласо законот за тутун.
Вториот заклучок:
Веднаш Владата, да ги испрати инспекторите на терен, постојано да бидат на терен и да гарантира Владата дека ќе биде исполнет законскиот рок до 15 Март кога треба да заврши откупот со тутунот, со препорака цената да не биде пониска од ланската од 182 денари за килограм тутун.
Третиот заклучок беше:
Целиот вишок на тутун, кој најверојатно ќе се појави после 15 Март, да го откупи Тутунскиот Комбинат во Прилеп.
Трите заклучоци беа одбиени.