Леонардо Ковилоски – Регионален координатор на комисија за образование

Почитувани,

Уплашена од загубената доверба кај граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ врши силен притисок врз вработените во прилепските училишта, особено врз наставниците кои го напуштиле СОНК.

Класните раководители се под директни закани дека ќе им се укине додатокот за одделенско раководство од околу 1000 денари, ако го напуштат Синдикатот на чие чело стои Јаким Неделков.

Општинската организација на СДСМ од Прилеп нуди бесплатна правна помош на секој наставник кој е, или ќе биде, незаконски оштетен со кратење на додатокот за класно раководство.

Заканите се вршат врз база на колективниот договор помеѓу СОНК и Министерството за образование, што е спротивно на Закон за работни односи.

Според Закон директорот кој врши ваква закана и не го исплати додатокот за одделенско раководење, сноси кривична одговорност со парична казна и казна затвор до 1 година.

Доколку не се исплати додатокот за класно раководење, наставникот има право на тужба.

Еве слики од регионалниот претседател на СОНК од Прилеп, Златко Думбалоски, на партиски средби на ВМРО-ДПМНЕ.

Ова ја покажува директната спрега помеѓу партијата на власт и синдикатот?

Нема да дозволиме да дозволиме овој притисок да продолжи, застануваме на страна на наставниците.

После промените, оние кои што ги прекршиле законите ќе одговараат!