Претседателот на СДСМ Зоран Заев денеска во Прилеп учествуваше на отворена дебата со граѓаните, на која што во непосреден разговор со граѓаните одговори на многу прашања, ги слушна нивните проблеми, но и даде збор дека после победата на 15 октомври се ќе биде поинаку.

-Личи во најслободарскиот град ваква глетка, што потврдува дека е слобода. Слобода е конечно да се собереме каде сакаме, да дебатираме за што сакаме. Директно да отвориме дебата за се што ни е важно, да дискутираме, заради тоа што ние, граѓаните сме креатори на нашата иднина и на нашиот живот. Ова денеска, е почеток на едно ново време, кое што почнува не од каде било во Македонија, туку од овде во Прилеп. Ова го нарекуваме општински дебати или општински парламенти, кои што во иднина ќе бидат пракса во сите општини во Македонија, им порача претседателот Заев на прилепчани.

Тој оцени дека граѓаните мора да ги даваат насоките каде ќе се трошат парите, за да се реализираат оние работи што се главен приоритет за сите.

-Една од важните работи што ќе му се случи на Прилеп во наредниот период е неговата гасификација. Точно е, после 11 години зачетокот на гасификацијата во Македонија во главната гасоводна мрежа стартуваше. Една од главните цевки во периодот од 2018 година ќе биде насочена кон Прилеп и Битола. Градоначалникот има обврска да ја развие гасоводната мрежа овде во Прилеп, рече претседателот Заев.

Претседателот на СДСМ повтори дека за него е најважен дадениот збор, дадените ветувања, кои што мора да се реализираат.

– Во Прилеп се е јасно како бел ден. Јас го чувствувам градот дека комплетно е за промените. Изборната кампања е важна не само за да се промени власта,  промени ќе има овде. Но, важно е да си го дадеме зборот. Оваа дебата, преку овие камери остава трага. Ќе знае и Заев, ќе знае и Илија, ќе знаат советниците кои што се овде со нас, дека сме си го дале зборот овде во Прилеп. Ако сме си го дале зборот, тоа ќе ни биде притисок да стоиме до тој збор“, додаде Заев.

Тој искажа голема поддршка за Илија Јованоски, кандидат за градоначалник на Прилеп од редовите на СДСМ и оцени дека во Прилеп после дванаесет и пол години редно е да дојдат луѓе кои што својот живот навистина го посветиле на граѓаните на Прилеп.

„Доктор Илија работи со пациенти, тој е од чаршијата, тој е едноставен обичен човек, но истовремено и сериозен човек.  Го знаете сите, многу подобро дури и од мене. Човек којшто негува огромна љубов за Прилеп“, рече претседателот Заев.

Кандидатот за градоначалник на Прилеп Илија Јованоски, најави дека локалната власт во Прилеп ќе формира еден вид парламент, во кој ќе бидат вклучени сите граѓански здруженија, поединци, пензионери, невладини организации, сите советници…, а градоначалникот нема да биде како досега султан или фараон, туку ќе биде извршител на она што ќе биде заеднички договорено.