Повик за митинг, Зоран Заев – Претседател на СДСМ

Имам посебна чест од градот по Марковите кули, да ја повикам цела Македонија, но и прилепчани, да се приклучат на утрешниот голем граѓански митинг.

Во недела, во 18 часот, кој ќе се одржи пред Владата на Република Македонија.

Еден голем граѓански митинг, за да повикуваме конечно кон слобода, демократија, правда, за конечно враќање на животот во Република Македонија.

Тргнувањето од Прилеп е во 14 часот, од повеќе локации во Прилеп.

Навистина овој историски момент треба да го зграпчиме и да го искористиме.

Да се присуствува на ваквиот мега настан, каде што сите, буквално, ќе почнеме да ја славиме слободата и да се радуваме на животот кој го враќаме во Македонија.

Убеден сум, дека е вредно да учествуваме сите и да бидеме дел од овој голем собир.

Ве повикувам, да испишеме заедно убава историја за нашата заедничка иднина, во нашата Република Македонија.