Задграничниот комитет од Будимпешта, се’ уште ги крои политиките на ВМРО-ДПМНЕ

Почитувани,

Тоа што Груевски го пишува по социјалните мрежи од скапите хотели во Будимпшта, младите од ВМРО-ДПМНЕ денеска го читаат на прес конференција.

Повеќе од јасно е дека задграничниот комитет од Будимпешта се’ уште ги крои политиките на ВМРО-ДПМНЕ и нарачува текстови. Христијан Мицкоски и Гордана Сиљановска Давкова, се само продолжена рака на криминалецот Груевски.

Почитувани млади членови на ВМРО-ДПМНЕ, крајно време е да се одважите и да речете НЕ за политиките на поделби, конфликт и назадување.

Наместо да изградат студентски домови, Груевски и ВМРО-ДПМНЕ си изградија луксузен партиски дворец.  Криминалот и корупуцијата им беа пред иднината на младите и студентите.

Наместо да понудат подобро образование, режимот на Груевски ги тепаше студентите. Затоа, доста беше заложништво и за младите од ВМРО-ДПМНЕ и за сите други во државата.

Конечно економијата тргна напред. Минатата година во земјава влезе рекордно ниво на странски директни инвестиции кое изнесува 624,5 милиони евра, што е за 2,6 пати повисок износ во споредба со просекот во изминатите осум години.

Во истата 2018 година отворени се вкупно 26.600 нови работни места во нашата земја, со кои невработеноста падна на рекордно ниски 19,4%.

После 12 години изолација, време е за европска иднина на сите генереации. Затоа  ги повикуваме сите млади, без разлика на политичка, етничка или било каква друга припадност, приклучете се на движењето напред.

Заедно да го чекориме патот до нашето членство во европското семејство со заедничкиот кандидат и иден Претседател на државата, Стево Пендаровски.

 

Центар за комуникации со јавност

ОО СДСМ Прилеп