Празните и неосновани обвинувања на ДПМНЕ не можат да ја сокријат штетата
од нивното 12 годишно криминално и коруптивно владеење, ниту пак ќе ја
минимизираат успешната работа на новата локална власт.

Личната заложба на градоначалникот Илија Јованоски за интензивирање на
соработката со локалните компании, резултираше со донација за општината на
најсовремена автомобил машина за чистење на улици, којашто веќе е на
располагање на прилепски Комуналец.

За прв пат после 12 години систематски се чистат дивите депонии од
територијата на Општина Прилеп. Се чисти каналот од Дабничкиот канал и
депониите што често никнуваат кај Дабнички завој.

Се организираше масовна акцијата за чистење на диво исфрлениот отпад од
ренонот кај прилепското езеро и влезовите и излезите од градот, со којашто се
транспортираа 200 м3 отпад во депонијата Алинци. Се работи на поткревање на
граѓанската свест за правилно постапување со отпадот, со цел да се намали
исфрлањето на градежниот отпад во контењерите за комунален отпад.

Комуналец интензивно работи на поставување нова трева на местата на
застарените и уништени делови од парковите низ градот.

Се санираат штетите од злоупотребите на претходниот директор на ЈКП
„Комуналец“, Златко Ристески, кој го оштетил претпријатието за половина
милион евра и направил тешки злоупотреби. Се подобрува финасиското
работење на ова јавно комунално претпријатие и условите за работа на
вработените.

Со почит,
Центар за комуникации со јавност
ОО СДСМ Прилеп 07.05.2018