mile sdsm prilep press prilepcani se majmuni za dpmneМиле Талевски, Член на Совет на Општина Прилеп

 

Почитувани претставници на медиумите,

На почеток сакаме на сите граѓани на Општина Прилеп да им го честитаме празникот св.Никола, и на сите оние кои го слават како домашна слава. Нека е за многу години!

Почитувани сограѓани,
Во Неделата, на законодавно-правната комисија во Собранието на Р.Македонија, прилепчани беа брутално навредени од страна на претседателот на истата комисијата од редовите на ДПМНЕ — Благордна Дулиќ!
За Благородна Дулиќ и ДПМНЕ прилепчани се мајмуни! Како не ви е срам? Ова е врв на вашиот безобразлук и лицемерие !
Бараме од претседателот на Општинскиот Комитет на ДПМНЕ од Прилеп — Никола Димески, од градоначалникот во заминување Марјан Ристески, од пратениците Димитар Стевананџија и Ана Лашкоска, веднаш јавно да се оградат од ваквата скандалозна навреда во законодавниот дом и да им се извинат на прилепчани, за тоа што беа наречени мајмуни од страна на пратеник од нивните редови.
Господо од ДМПНЕ доколу веднаш не им се извините на прилепчани за изречената навреда, О.О на СДСМ од Прилеп секој ден јавно ќе ве повикува да се извините.
Господине Марјан Ристески, Со што ги заслужија ваквите навреди твоите сограѓани прилепчани, меѓу кои и оние 22 илјади кои на последните избори го дадоа гласот за ДПМНЕ. Доколу не се извините Вие станувате поддржувач на ставот на Благородна Дулиќ за прилепчани.

Ви благодарам