Почитувани,

Криминалната ВМРО-ДПМНЕ којашто по партиско – роднински врски, 12 години душмански ја грабеше државата, нема образ да зборува за непотизам.

12 години директор на ЈКП „Комуналец“ Прилеп беше Златко Ристески, прв братучед на поранешниот градоначалник, Марјан Ристески.

Мајката на актуелната пратеничка од ВМРО-ДПМНЕ, Ана Лашкоска, со години беше директор на ОУ „Добре Јованоски“, а нејзиниот брат Дејан Лашкоски беше член на Управниот одбор на Јавното претпријатие за водоснабдување „Студенчица“ и член на Управниот одбор на Тутунски Комбинат Прилеп.

Актуелниот пратеник од ВМРО-ДПМНЕ, Димитар Стевананџија, си ја вработи сопствената сестра.

Актуелниот координатор на ОК ВМРО-ДПМНЕ, Петар Ристески, самиот им порача на вработените во болницата дека се вработени само затоа што се партиски членови.

Има уште стотици примери, за непотизмот и злоупотребите со кои ВМРО-ДПМНЕ го уништи целиот државен систем и професионалноста на институциите!

ВМРО – ДПМНЕ засекогаш ќе остане симбол за времето кога криминалот, корупцијата и непотизам, време што никогаш повеќе нема да се врати.

Никола Груевски и криминалната фамилија, никогаш повеќе нема да ги тероризираат сопствените граѓани, колку и да го посакува тоа неговиот послушник Мицковски.

За разлика од тие мрачни времиња, денес, новите власти во Прилеп и Република Македонија работат транспарентно, одговорно, домаќински и го слушаат гласот на граѓаните.

Во институциите се враќаат стручноста и компетентноста, како основни два критериуми врз кои се ангажираат новите кадри, што резултира со реални показатели.

Со почит,

Центар за комуникации со јавност

ОО СДСМ Прилеп