Во недела, достоинствено и масовно го заокружуваме бројот 3, за Стево Пендаровски и европска иднина

Миле Талевски – Претседател на ОО СДСМ – Прилеп

Почитувани граѓани на општина Прилеп,

На 21 април и 5 мај сите заедно одлучуваме за нашата иднина.

Во овие историски важни моменти за сите нас, за државата, за идните генерации и поколенија, сите ние кои имаме право на глас, повикани сме да донесеме нова правилна одлука и да избереме вистински Претседател.

Секој од нас треба да направи избор помеѓу два целосно различни концепти.

Враќање на изолацијата, конфликтите, омразата и поделбите од темното минато со Груевски, кои ги нудат Мицкоски и Сиљановска, или сигурен напредок, европско семејство и безбедна иднина за младите генерации со Стево Пендаровски.

Одлучуваме дали ќе останеме сами, изолирани и беспомошни, или ќе продолжиме заедно напред кон членство во најмоќните семејства – Европската Унија и НАТО.

Ние граѓаните на Прилеп секогаш сме биле одговорни. Сигурен сум дека и овој пат заеднички ќе ја донесеме вистинска одлука.

Ќе избереме Претседател кој обединува, води напред и кој ќе биде гласот на разумот во општеството.

Таков човек е заедничкиот кандидат Стево Пендаровски.

Гласот за Стево ги отвора шансите за подобар живот на младите. Тука во нашата земја, да ги имаат истите шанси и можности како и нивните врсници од Европа.

Гласот за Стево, е глас за нови инвестиции, економски напредок, нови и подобро платени места.

Затоа почитувани граѓани, во недела не се седи дома. Недела е ден за вистинска одлука. Одлука со која директно ќе влијаеме на иднината и животот на идните поколенија.

Во недела, на 21 април обезбедуваме стабилност и сигурен напредок, а на 5 мај ставаме печат на заедничката европска иднина.

Ајде во недела, достоинствено, одговорно и масовно, без разлика на партиски, верски, етнички и други припадности, да излеземе на гласачките кутии и сите заедно да го заокружиме бројот 3, за Стево Пендаровски и за нашата европска иднина.

 

Центар за комуникации со јавност

ОО СДСМ Прилеп