Во чиј џеб завршија 146 милиони евра загуби од ТУТ-КОМ Прилеп?

Хари Локвенец – Пратеник во Собрание на Р.М.

 

Почитувани,

Тутунскиот Комбинат Прилеп продолжува да тоне во загуби!

Завршната сметка за 2015 покажува загуби од 25 милиони денари, и покрај најавите на генералниот директор дека комбинатот повеќе не е загубар.

Замислете, во 2015 година комбинатот го намали бројот на вработените за над 550 работници, започна со производство на цигари за Филип Морис, и повторно е во загуба!

Кој има корист од зделката со Филип Морис, затоа што Тутунски Комбинат Прилеп согласно прикажаните загуби, очигледно нема?

Чии бизнис интереси се штитат?

Во изминативе 10 години поранешните директори на Тутунскиот Комбинат и членови на управните одбори, сите до еден лично поставени од поранешниотНикола Груевски, направија вкупни загуби од фрапантни 146 милиони евра!

Во чии џебови отидоа овие пари?

После 10 години раскрчмување и расипништво, капиталот на АД Тутунски Комбинат го сведоа на бедни 3,5 милиони евра.

Вредноста на акциите од 51 евро, ја сведоа на 1,25 евра, или само 76 денари по акција.

Почитувани граѓани на Прилеп, почитувани тутунопроизводители, акционери,

Промените доаѓаат на следните фер и демократски избори. По промените, новата влада предводена од СДСМ ќе целосна ревизија на работењето на Тутунски Комбинат Прилеп за последните 10 години и повторно ќе го крене на нозе.

Никола Груевски и неговата криминална банда, ќе одговараат за злоупотребата на народните пари и до денар ќе ги вратат во рацете на граѓаните на Република Македонија.

Затоа се потребни фер и демократски, кредибилни избори со прочистен избирачки список и слободни медиуми!

ПРЕВЗЕМЕТЕ БИЛАНС НА СОСТОЈБА