Во близина на прилепската касарна се гради Информатички центар за потребите на полицијата и поголема безбедност на граѓаните

Почитувани,

12 години криминалната ВМРО-ДПМНЕ  се служеше со ширење лажни вести и пропаганда, преку кои ширеше омраза, поделби и конфликт помеѓу граѓаните.

Користејќи највалкана кампања, директно и индеректно преку медиумите и порталите блиски на ВМРО-ДПМНЕ, оваа криминална партија ги плашеше и вознемируваше граѓаните со наводна изградба на бегалски кампови коишто никогаш не се случија и нема да се случат во Република Македонија. Бегалските кампови се конструкции произлезени од главата на Груевски и бандата околу него, од коишто никако да се огради Христијан Мицковски.

И претходно, а и сега, јасно и гласно потврдуваме дека во Прилеп бегалски кампови нема да има! Никогаш!

Во Прилеп, во непосредна близина на касарната, за потребите на Министерството за внатрешни работи, се гради Информатички центар за опоравување од катастрофи и обезбедување на континуитет со работата, финансиран со средства од Европската Унија во висина од околу 3.400.000 евра.

Со Информатичкиот центар,  полицијата ќе обезбеди континуитет со работата и зачувување на податоците во случај на можни природни или катастрофи предизвикани од страна на човечки фактор. Со ова, се зајакнува капацитетот на полицијата и се засилува сигурноста и безбедноста на граѓаните на Прилеп и Република Македонија.

Затоа, очајни се обидите на партиските портали на ВМРО-ДПМНЕ коишто бесрамно шират лажни вести, омраза и страв помеѓу граѓаните дека во близина на прилепската касарна ќе се градел камп за бегалци. Ширењето страв и омраза во јавноста е казниво со Закон и за тоа се одговара.

Граѓаните да бидат сигурни, никогаш повеќе нема да се случи „МВРО-ВМРО“ со кое раководеше партискиот послушник на Груевски, Гордана Јанкуловска.

Полицијата ја враќа професионалноста во своите редови, во интерес на безбедноста на сите граѓани.

Со почит,

Центар за комуникации со јавност

ОО СДСМ Прилеп