ВМРО-ДПМНЕ Прилеп ги следи деструктивните политики на антизападниот пиун Мицкоски

Соопштение до јавност

Почитувани,

Криминалната ВМРО-ДПМНЕ, водејќи се од личните и теснопартиски интереси на вчерашната седница на Совет не ја поддржа гасификацијата на Општина  Прилеп.

Советниците на ВМРО-ДПМНЕ во Советот на Општина Прилеп го следат деструктивното однесување на раководството на оваа антизападна партија и не поддржуваат проекти што носат добробит и директен бенефит за граѓаните.

ВМРО-ДПМНЕ е против повеќе пари за граѓаните, против намалени сметки за греење, против поевтин енергенс за стопанството, против нови работни места.

Но затоа, ВМРО-ДПМНЕ и нивниот антизападен пиун Мицкоски се ставаат во заштита на криминалите на Груевски.

Јавноста дозна како Мицкоски се стекнал со сопственоста на хидроцентралите  изатоа е јасна спрегата помеѓу него и криминалното владеење на Никола Груевски и фамилијата.

Меѓутоа, ниту Мицкоски, ниту неговите локални послушници од ВМРО-ДПМНЕ, нема да го спречат развојот на Прилеп и Македонија.

Прилеп забрзано се развива, се подготвува за гасификација и работи на серија проекти за сигурна и извесна иднина со подобар и повисок животен стандард за сите граѓани.

Центар за комуникации со јавност

ОО СДСМ Прилеп