sdsmprilep1Реакција на Прес од ВМРО-ДПМНЕ Прилеп

Почитувани млади од ДПМНЕ,
Во неможност да понуди ниту една конкретна мерка за справување со рекордната невработеност на млади- проблем кој го предизвикаа Груевски и ВМРО-ДПМНЕ, Вашата партија почна да препишува мерки од програмата на СДСМ.
Имено,
Откако СДСМ предложи мерки за вработување на млади лица преку субвенционирање на давачките од плати за нив, Владата „се сети” на истата мерка, ја ископира во целост, со тоа што зборот „субвенционирање” го замени со зборот „ослободување”.
Денешното Ваше промашено промовирање на мерки, кои неодамна во јавноста ги претстави СДСМ, е Ваш класичен политички дилетантизам, како и доказ за Вашата, и пред се за безидејноста на Владата на Груевски и ДПМНЕ, кога се младите во прашње.
Наспроти ваквите очајни обиди да се претставите како „спасители”, ВМРО-ДПМНЕ носи историска вина за 8-те изгубени генерации на млади во последниве 8 години, за рекордното иселување и „егзодусот” на младите од Прилеп, за нивното безобразно бришење од списоците на невработени, и не создаде никакви услови за вработување и формирање семејство во својот роден град.
Со никави манипулации нема да ја спечите казната, која за сето ова ќе Ви ја испорачаат граѓаните на следните избори!

Центар за Комуникации со Јавност
ОО СДСМ Прилеп