ВМРО-ДПМНЕ ја уништи надежта кај младите, ние го враќаме животот за сите!

Почитувани,

После 12 години криминал и корупција на локалната власт на чело со ВМРО-ДПМНЕ, младите изгубија секаква надеж за нивната иднина.

ВМРО-ДПМНЕ нема образ да зборува за младите, затоа што после 12 години партиски режим и поделба на младите на подобни и неподобни, Прилеп остана без развој, без прогрес, без перспектива и без најголемиот ресурс за иднината – младите.

Најстрашниот проект на Марјан Ристески за младите во Прилеп, е егзодусот во странство на секој млад човек што не се согласува со криминалните политики на ВМРО-ДПМНЕ.

Ние, го запираме таквиот процес! Го враќаме животот за сите млади во Прилеп преку серија на мерки. Воведуваме „младинска гаранција“ и ги помагаме младите со по 10.000 евра директна финансиска помош од државата за секој млад човек којшто сака да започне свој бизнис.

Воведуваме и субвенции од Локалната самоуправа за креативните млади да ги реализираат во пракса сопствените идеи.

Отвораме младински технички центар (МТЦ) за промоција на техничките вештини на младите и нивно воведување и приближување кон техничките науки и вештини.

Во Прилеп ќе има силна младина. Ќе има живот за сите!