ВМРО-ДПМНЕ излажа – Тутунот помина по 140 денари, наспроти ветените 200 денари за килограм

sdsmprilep1Реакција од прес од ОК ВМРО-ДПМНЕ-Прилеп

Почитувани господо од ВМРО-ДПМНЕ,
Вашите манипулации, овој пат нема да поминат кај тутунопроизводителите во прилепскиот регион. Тие добро знаат дека моменталната просечна цена од околу 140 до 150 денари за килограм е далеку од реалната вредност и од вистинската класа на тутунот. Гледаат дека се врши своевиден „грабеж” на нивниот труд и производство, договорен помеѓу власта и тутунските компании.
Тие, намачените тутунари, за жал, на своја кожа ја осетија негрижата на ДПМНЕ и штетата по нивниот тутун, од временото, на одреден период, стопирање на откупот во тутунскиот комбинат, токму во екот на откупна кампања!
Тутунарите никогаш нема да Ви го простат манипулирањето на премиерот Груевски, кој пред почетокот на откупната сезона најави просечна цена од 180 ден за килограм и до 200 денари за поквалитетниот тутун.
Вие, господо од власта, целосно сте изгубиле контакт со реалноста и не ја гледате бедата и сиромаштијата на прилепскиот тутунар. Субвенцијата од 60 денари е срамно ниска и никако неможе да ги покрие огромните, и до 200 % поскапувања на сите животни и производствени трошоци, кои Груевски и ВМРО-ДПМНЕ му ги наметнаа на земјоделецот!

Центар за комуникации,
ОО СДСМ Прилеп