Влегуваме во клучен период во борбата против коронавирусот, доследно да ги почитуваме мерките за заштита

Петра Лукароска – Координаторка на Форум на жени на ОО СДСМ Прилеп.

Почитувани,
Влегуваме во клучниот период во борбата против коронавирусот, кога е потребно секој од нас најодговорно и доследно да ги почитува мерките за лична заштита.
Институциите и здравствените работници, без наша поддршка и наше одговорно и дисциплинирано однесување, нема да можат сами да го одржат вирусот под контрола.
Мора да носиме маска или друга заштитна опрема, со која ќе ги заштитиме носот и устата, мора често да ги миеме рацете и да не ги допираме очите, лицето и носот. Да држиме физичка дистанца од луѓето околу нас, да не се групираме, редовно да вршиме дезинфекција во домовите и на работните места.

Токму поволниот развој на ситуацијата со коронавирусот во општина Прилеп и драстичниот пад на бројката на новозаразени во изминатите десетина дена, докажува дека почитувањето на мерките, неминовно води до успех во битката со вирусот.
Да не дозволиме, секојдневните напори на министерот за здравство Венко Филипче, активностите на Општинскиот кризен штаб предводен од градоначалникот Илија Јованоски и пожртвуваноста на здравствените работници, да бидат залудни.
Ако секој од нас продолжи со строго преземање на лична заштита, ќе успееме бројот на новозаболени од Ковид-19 да го задржиме на минимум. Во спротивно, ни претстои долга и тешка борба со вирусот, закана по нашето здравје и здравјето на нашите најблиски, закана по нашата економија и нашето секојдневние.
Затоа, граѓаните да не го следат лошиот пример на Христијан Мицкоски, кој свесно и во повеќе наврати ги прекршува мерките за заштита од Ковид-19, со што поттикнува и охрабрува непочитување на рестриктивните мерки.
Јавноста е свесна и за несовесното однесување на Наќе Чулев, кој не преземаше ништо за да ги спречи масовните собири на граѓани, со што го загрозуваше јавното здравје.
На незрелото и нехумано однесување на Мицкоски и Чулев, да одговориме со покажување на лична одговорност и висока свест за заштита на личното и јавното здравје.
На тој начин, заедно овозможуваме услови за избори на кои ќе избереме нова Влада, ново Собрание и нови институции, кои уште подобро ќе се справат со моменталните и идните економски и здравствените последици од коронавирусот.
Благодарам.