DSC 0031Почитувани,
ВМРО-ДПМНЕ и градоначалникот на општина Прилеп, Марјан Ристески, уште еднаш ги оставија жителите на прилепските села, сами да се справуваат со поплавите, како знаат и умеат.
Поради неисполнувањето на обврската за чистење на каналите и речните корита, и непрофесионалноста на надлежните во Ј.П. Прилепско поле, како и поради неодговорноста на т.н. Кризен штаб во општина Прилеп, куќите и шталите се повторно под вода!


Оштетите од јануарските и февруарските поплави се уште не се исплатени, штетите не се санирани, а жителите веќе се соочуваат со нови штети по својот имот, куќи и ниви.
Бараме надлежните веднаш да излезат на терен и да ги преземат обрвските за кои се платени од граѓаните на општината и жителите на селата во прилепско, а за досегашните штети граѓаните да добијат оштета.