Власта нема пари за отштета од поплавите во прилепско

hl0309Хари Локвенец – пратеник во Собрание на РМ

Почитувани,
Осум месеци по најголемите поплави во Пелагонија земјоделците од прилепско се уште не добиле ниту денар за огромната штета што ја претрпеа.
Пред 4 месеци Никола Груевски најави 100% обесштетување на земјоделците по што бомбастично беше најавен и наводен почеток на исплатата на отштетата. До денеска едно големо ништо.
Никола Груевски треба да излезе пред земјоделците и да одговори некој треба да добие провизија, за да почне исплатата на обесштетувањето за прилепчани?


Груевски, во Јуни беше во Новаци и најави 10 милиони евра за земјоделците и 12 милиони евра за санација на оштетената инфраструктура, која, како што рече веќе почнала да се исплаќа. Од овие ветени 22 милиони евра нема ништо!
Никола Груевски повторно ги излажа земјоделците.
Дополнително се уште не се санирани ниту насипите долж Црна и прилепска Река.
Поплавите што ја зафатија Пелагонија во јануари и февруари оваа година ја покажаа неспособноста на власта.
Неисчистените корита на реките и одводните канали, како и непрофесионалното управување со акумулацијата, којашто мораше да испушта вода со цел да не дојде до прелевање па и рушење на браната, се главните причини за големите поплави во прилепско.
За земјоделците од прилепско и Август не беше подобар од Јануари и Февруари. Повторно, и во август поплавени се земјоделски површини, куќи, згради од земјоделското стопанство.
СДСМ бара, наместо да се трошат милиони на панорамско тркало во Скопје, веднаш да се исплати отштетата за земјоделците, и тоа во целост!
ЈП Прилепско поле да се зафати со санација и чистење на речните корита. Доаѓа дождовна сезона, а земјоделците од прилепско повторно ќе бидат изложени на ризик од поплави.
И конечно градоначалникот Марјан Ристески наместо да се крие од вистинските проблеми на прилепчани, да ги исполни своите обврски во решавањето на овој суштински проблем за земјоделците од прилепско.