Власта ги узурпира Советите на Урбаните заедници

milepres041213Миле Талевски – член на Совет на Општина Прилеп

Почитувани граѓани,

Од денес, ќе видете како ДПМНЕ со нивната партиска војска, сака да избере Претседатели на Советите на Урбаните Заедници, без притоа да се консултира со Вас, граѓаните на Општина Прилеп!
Градоначалникот Марјан Ристески, преку комисијата за Месна самоуправа во Советот на Општина Прилеп, има намера да ја легитимира оваа изборна фарса. Ваквите Совети на Урбани Единици, наместо во функција на граѓаните, ќе работат исклучиво за партиските бизнис-интереси на ДПМНЕ.


Ние како избрани претставници од граѓаните во Советот на О.Прилеп, немаме намера да учествуваме во ваквата лакрдија на власта.
Побаравме, одлагање од неколку денови, на термините за одржување на изборите, за да може да се промени правилникот за спроведување на постапката за ибор на членови во Советите во Урбаните Заедници.
Со единствена цел, да ја спречиме праксата со која во континуитет, ДПМНЕ ги узурпира Домовите, и тоа, на начин што, едни исти граѓани се носат да гласаат во неколку Урбани Заедници, без притоа да бидат проверени дали се жители на таа Урбаната заедница.
Нашиот предолг, за тајно гласање со избирачки кутии, како и претходно легитимирање на граѓаните кои по лична карта имаат право на глас, беше ладнокрвно одбиен од советниците од власта.
Иако советниците од ДПМНЕ, се согласија дека постојат неправилности и дека правилникот мора да претрпи промени, сепак кај нив надвладеја партиската директива за спроведување на изборите по секоја цена!
Очигледна е намерата на ВМРО-ДПМНЕ, на овој начин, да продолжи со раскрчмувањето и распродажбата на Општествените Домови, по багателни цени на бизнисмени блиски до власта!
Домовите во урбаните заедници, наместо за партиски штабови на ДПМНЕ и кладилници, треба да се пренаменат во фунција на социо-економските потреби на прилепчани.
Повторно, го повикуваме градоначалникот Марјан Ристески, барем еднаш да ги надмине партиските бизнис интереси, да ја прекине оваа нелигитмна постапка, и во една нормална и транспарентна процедура, граѓаните да си изберат свои вистински претставници во Советите на Урбаните заедници.