sdsmprilep1Писмена реакција на изјава на министерот за земјоделство – Михаил Цветков, Прилеп

Почитувани,
Министерот за земјоделство Михаил Цветков денеска потврди дека Владата на ВМРО ДПМНЕ, нема изготвено план за откуп на вишокот произведен тутун.
Власта на ВМРО-ДПМНЕ не е способна да најде начин вишокот на тутун да биде откупен и тоа во законскиот рок до 15 Март, со што и за тој тутун би следувало субвенција од 60 денари за килограм.

Тутунопроизводителите не се виновни за тоа што оваа година имаат произведено околу 5 милиони килограм вишок тутун. Власта на ВМРО ДПМНЕ тоа претходно им го дозволи и затоа тој проблем треба власта и да го реши.
Населението во прилепскиот регион одгледува тутун поради огромната сиромаштија што им ја наметна Владата на ВМРО ДПМНЕ со погрешните политики, а особено поради фактот што во овој регион нема ниту една ново отворена фабрика, во којашто прилепчани ќе ја остварат својата егзистенција.
Покрај високите цени за енергија, храна, вода, даноци, минерални ѓубрива, репроматеријали, оваа година килограм тутун се откупува за 100 денари. Ако оваа цена на килограм тутун, ја споредиме со животниот стандард од пред 8 години, произлегува дека сега тутунот се откупува по мизерни 40-50 денари за килограм.
СДСМ бара Владата на ВМРО-ДПМНЕ, наместо да гради Панорамско тркало во Скопје, тие средства да ги насочи за зголемување на субвенцијата од 60 денари за килограм, на 80-90 денари. Со тоа во голема мера ќе се ублажи и онака катастрофалната ситуација, во којашто се наоѓаат тутунопроизводителите.

Со почит,
ОО СДСМ Прилеп