Визијата за Македонија – Прилеп

Во преполна сала со членови, поддржувачи и граѓани, ОО СДСМ Прилеп одржа дебата, на која Заменик претседателката на СДСМ, Радмила Шеќеринска, ги претстави петте столба од проектот Визијата за Македонија. Присутните дебатираа за проектите со кои ќе се намали сиромаштијата, ќе се отворат нови работни места, ќе се подобрат здравственииот и образоввниот систем, ќе се подобрат условите во земјоделството и со кои ќе се спречи одливот на младите од Прилеп.