Велески: Заедно ќе го возобновиме манастирот Трескавец

Veleski izjavaПочитувани,
На денешната вонрендна седница на Советот на Општина Прилеп, на дневен ред беше актуелната состојба со пожарот во Манастирот Трескавец, за жал констатиравме дека се направи една голема штета на културното наследство во Општина Прилеп,

Советот донесе низа одлуки со цел санирање на последиците, и во најкраток можен рок санирање на истите и да го вратиме стариот сјај на Манастирот. Прилеп изобилува со вакви духовни светилишта, духовни места и една од одлуките беше да се работи повеќе на превенција на овие историски-културни знаменитости во Прилеп, со цел да се изработат елаборати за заштита на истите од вакви елементарни непогоди или непогоди направени од човечки фактор. Значи, во целост застануваме зад мерките што ќе ги превземат надлежните институции во државата со цел да се санираат последиците. Не се сомневаме дека Прилеп ќе излезе во пресрет на овие мерки со цел што побрзо да се санираат последиците како што реков и во иднина да не дискутираме по последици од направени штети, со време да ги заштитиме тие историски споменици и да го вратиме оптимизмот кај граѓаните. После седницата сите излеговме како оптимисти дека Трескавец ќе го врати стариот сјај, а исто така и обрвска до наредната локална самоуправа е да превземат повеќе мерки за заштита на историските споменици. Прилеп изобилува многу со такви споменици, прилепчани заслужуваат да се гордеат и понатаму со истите. Значи следи една акција каде што граѓаните не треба да бидат разочарани, туку да се зафатиме сите за работа што побрзо да ги санираме последиците.