pres221113Сашо Велески – Претседател на ОО на СДСМ, Прилеп

Почитувани, Над 40% од граѓаните на Општина Прилеп, живеат во тешка сиромаштија! И покрај невештите обиди на власта, со штимање на официјалните бројки лажно да прикаже намалена невработеност, бедата и мизеријата во која денес живеат прилепчани, никогаш не биле поевидентни.

Станува јасно дека ВМРО-ДПМНЕ, освен паркови и зеленило, нема што друго да им понуди на прилепчани, а во последно време животот им го сведе на лотарии и други игри на среќа, во кои единствено добиваат партиските војници на власта!

Наместо лото манипулации, и наспроти безидејноста на власта, СДСМ нуди конкретни и практични предлог мерки за подобрување на стандардот на граѓаните во сите сфери од неговото живеење. Еве само неколку од нив:
• Враќање на 15% ДДВ кон граѓаните. Мерка со која, 130 милиони Евра ќе се вратат назад во рацете на граѓаните и ќе се зголеми нивниот стандард.
• 80% од граѓаните ќе плаќаат помал данок на доход од 9%, само најбогатите ќе плаќаат повеќе, а данокот на имот ќе се намали за 50% за тие кои имаат една куќа или стан.
• Ќе овозможиме докуп на стаж на сите на кои им фалат 5 години до пензија, како и државна социјална пензија за оние кои не се корисници на било каква парична помош од државата, зголемени пензии и 40% повисока социјална помош.
• Казните кои ги воведе ДПМНЕ, ќе ги намалиме за 50%, а инспекторите ќе делуваат превентивно наместо репресивно.
• Земјоделците ќе бидат ослободени од персонален данок, ќе добијат бенефициран стаж, зелена нафта и квалитетен семенски материјал, а субвенциите ќе бидат навремени и правично распределени.
• Со предлог мерката за воведување на младинска гаранција ќе се влијае на решавање на проблемот со невработеноста на младите и ќе создадеме услови да не се иселуваат од државата.
Почитувани сограѓани,
Ова се само дел од мерките со кои ќе ја оствариме задачата која е пред нас, а тоа е да ја вратиме средната класа и достоинството на сите граѓани!
Со посебна чест, Ве повикувам, утре 23 Ноември, во 18 часот, во Домот на Културата „Марко Цепенков” да ни се придружите и да присуствувате на отворената трибина со претседателот на СДСМ Зоран Заев и неговиот тим, за промоција на предлог мерките од програмата на СДСМ.