VeleskiСашо Велески – Претседател на ОО на СДСМ, Прилеп

Почитувани,
Премиерот, г-дин Никола Груевски, најодговорниот за бедата и сиромаштијата во Р.Македонија, денес на светскиот ден за искоренување на сиромаштијата, реши да го посети Прилеп, градот кој токму по заслуга на неговата влада е рекордер по невработеност и сиромаштија. Најблаго кажано-лицемерие!

Господине Груевски, со кое лице ќе се појавите пред прилепчани? Со какви лаги и манипулации сега ќе им ја замајувате свеста и ќе газите по достоинството на граѓаните?
Повторно ли со лагите за некакви фабрики во празната ливада во Алинци? Слободната економска зона е сеуште празна, четири години без никаква инфраструктура!
Или со приказните за намалена невработеност, преку бришење на граѓаните од списокот во агенцијата за невработени? Состојбите во реалноста се катастрофални, со над 40% невработени и сиромашни прилепчани, наспроти лажно прикажаните 30%.
Благодaрение на вашата власт над 60% од младите во Прилеп се невработени, наголемо се иселуваат, а оние малкуте кои останаа во Прилеп и работат, најчесто се на работни места несоодветни на нивното образование.
Едно е јасно г-дине Груевски, од Прилеп направивте шампион по беда и мизерија, со осиромашени и разочарани граѓани. Град без ниту една странска инвестиција, без ниту една нова фабрика, или новотворен стопански субјект. Град на економски пустош, со претпријатија пред колапс и затворени дуќани.
Почитувани,
СДСМ е сериозна партија, која во интерес на просперитетот на граѓаните пред себе си постави крајно одговорна задача, а тоа е „Да ја вратиме средната класа” во Прилеп и во Македонија.
Проектот, 15% повраток ДДВ годишно на секој граѓанин, е начин со кој над 130 милиони евра народни пари, ќе се вратат назад во рацете на граѓаните. Ова се само едни од низата мерки во нашата нова програма, со која ќе го вратиме достоинството на граѓаните кои припаѓаат или треба да припаднат на средните општествени слоеви.
Благодарам,