sdsm chestvuvanje blazhe koneski 03Изјава, Сашо Велески-претседател на ОО СДСМ Прилеп

Почитувани,
Денес чествуваме 20 години од смртта на втемелувачот и кодификаторот на современиот македонски јазик, најистакнатиот македонски книжевен работник, светски реномиран славист, лингвист и поет, првиот претседател на МАНУ, великанот Блаже Конески!

Научниот придонес, творештвото и историски-книжевното дело на Конески, се од непроценлива вредност и значење за нашите правопис и граматика, за македонската култура и идентитет. Историјата и идните генерации засекогаш ќе го паметат, како клучната фигура на браникот за македонскиот литературен говорен и пишан јазик!
Денес, благодарение на големиот Блаже Конески, современиот македонски јазик е дел од светската енциклопедија на живи јазици, и сечиј обид да го негира неговото постоење, ќе заврши безуспешно!
Неговата порака, „Јазикот е нашата татковина” има посебно значење и важност во овие денешни времиња, кога нашиот македонски идентитет е нападнат од надвор, но за жал, и нагризуван од внатре.
Затоа и денес и во секоја наредна прилика, ќе го повикуваме господинот Антонио Милошоски, актуелен пратеник во Собранието на Р.Македонија и поранешен Министер за надворешни работи, за кого Блаже Конески е „џуџето од небрегово”, да се извини на целиот македонски народ, затоа што за сите нас, Блаже Конески е „џинот од Македонија”!
Ви благодарам.