Вaшиот предлог за иднината на Македонија

Сашо Велески – Претседател на О.О. на СДСМ Прилеп

Почитувани,

Од денес започнуваме со спроведувањето на втората фаза од проектот „Визијата за Македонија“ во Прилеп.

Во првата фаза акцентот беше ставен на стручни дебати и трибини поврзани со петте столба од Визијата за Македонија. Во оваа втора фаза фокусот го ставаме на директниот контакт со граѓаните и вклучување на нивните идеи во програмата на СДСМ.

Почнувајќи од денес, па се до 4-ти Декември, секој ден на различни локации во градот, ќе биде поставен штанд на којшто граѓаните на Прилеп ќе можат детално да се запознаат со петте столба од Визијата за Македонија. Истовремено, нашите тимови, ќе го посетат секој дом во Прилеп. Со единствена цел, сите да дадат свој придонес во подготовка на Програмата и остварување на заедничките цели.

Овој процес ќе го заокружиме идниот месец на партискиот конгрес , на којшто ќе биде изгласана Програмата на СДСМ.

Почитувани сограѓани, заедно со Вас можеме да се спротивставиме на богатењето на една мала група луѓе предводена од Никола Груевски и да го запреме осиромашувањето на мнозинството граѓани во Македонија. Заедно да ја вратиме средната класа во Прилеп и Македонија! Заедно да се избориме Македонија да биде едно општество за сите!

СДСМ  продолжува да го трасира патот кон создавање на општество на слободни и еднакви граѓани со пристоен живот за сите граѓани.