Соопштение до јавност

sdsm prilep donacija 03Почитувани,
Комисијата за образование при Општинската организација на СДСМ Прилеп, во текот на вчерашниот ден, организираше хуманитарна акција за набавка и донирање на ранци и школски прибор за децата од социјално загрозени семејства.
Во рамки на акцијата, на околу 30 деца им беа доделени нови училишни ранци и потребниот прибор за успешен почеток на учебната година.
За жал, огромните социјални разлики кои ги создаде власта на Груевски и ВМРО -ДПМНЕ, доведе се’ поголем број на семејства да не можат да обезбедат ниту школски прибор за своите деца. Овие социјални проблеми, најмногу ги чувствуваат и погаѓаат децата.
Со ваквите хуманитарни активности, СДСМ става акцент на социјалните проблеми во општината, кои ќе бидат приоритет за решавање во периодот кој следи.