Традиционална крводарителска акција на СДСМ Прилеп „Дарувај крв – спаси живот!“

Почитувани,

Локалниот клуб на Социјалдемократската младина на Македонија од Прилеп по 17-ти пат ја организираше традиционалната крводарителска акција „Дарувај крв – спаси живот“.

Оваа година, донирајќи крв, акцијата лично ја поддржа Генералниот секретар на СДСМ, Александар Кирацовски. Притоа, Кирацовски, младите и членовите на ОО СДСМ – Прилеп, како и граѓаните коишто даруваа крв, со својот личен пример испратија хумана порака до сите останати граѓани, да бидат хумани, да даруваат крв и да спасат живот.

Центар за комуникации со јавност

ОО СДСМ Прилеп