vbozinoskiВалентин Божиноски – Член на Совет на општина Прилеп

Почитувани,
Марјан Ристески и ВМРО-ДПМНЕ треба да дадат одговор за сериозни сомневања за тендерски злоупотреби за Пречистителната станица Прилеп.
Прилепскиот градоначалник избега од прилепчани и затоа од говорницата во Скопје убедуваше за свои дела.
Немаше да биде ништо ново и невообичаено тоа за Ристески и за ВМРО-ДПМНЕ, ако зад тврдењата не стојат невистини.
Ристески завчера рече дека ја започнал изградбата на пречистителната станица за отпадни води. Која требаше да се гради со 85 проценти пари од европските фондови и 15 проценти средства од републичкиот Буџет.
Но тоа не е точно. И не само што не е точно, туку има наводи за можни злоупотреби. И тоа не го вели СДСМ, туку Европската комисија!
Во извештајот од 2012 година за искористеноста на европските пари, кои по ИПА програмите и следуваат на Македонија, на страна 44, еве каква оценка стои. Цитирам:
„Пречистителната станица за отпадни води во Прилеп, се соочува со дополнителни одложувања во тендерската фаза за 2012 и Европската Комисија конечно мораше да ја откаже проценката, заради сериозни сомневања за нарушување на доверливоста на процесот”!


Прашуваме:
Што значи нарушување на доверливоста на процесот и зошто Ристески и ВМРО-ДПМНЕ дозволија Припеп да ги изгуби европските пари?
Какви нерегуларности се направени со тендерската документација? Дали зад целиот скандал стојат бизнис интереси на ВМРО-ДПМНЕ?
Зошто Ристески дозволи таков срам за Прилеп и за Македонија во Европа?
Ова, не само што не е за фалење, туку прилепскиот градоначалник треба да понесе одговорност ако реализацијата на проектот е доведена во прашање, како што произлегува од оценките во Извештајот на Европската комисија.
На крајот, прашуваме, чии интереси штитат и зошто молчат државните институции во случајот Пречистителна станица Прилеп.
Ви благодарам.

Превземете го извештајот на ЕУ