mtaleskipresМиле Талевски – член на Совет на Општина Прилеп

Почитувани,

Златко Ристески – Џекчето, директорот на ЈКП Комуналец, кој ќе остане запаметен по скандалозното и недомаќинско работење, успеа да го доведе претпријатието пред колапс, а вработените на раб на преживување.

 

Имено,
Наместо да им исплаќа плати, Ристески на 500-ните вработени им дава паушал од по 1000 ден. Заради доцнењето на последните неколку плати, секој од нив е оставен за својата егзистенција да се снајдува како знае и умее, додека нивниот директор на секој чекор самиот се фали како најуспешен менаџер!

Г-дине Ристески, ако Вие можете да го издржувате Вашето семејство три месеци со 1000 ден, средства кои неможат да се споредат ниту со висината на месечна социјална помош, тогаш навистина ја заслужувате секоја пофалба!

За „успешното менаџирање” на самонаречениот „најуспешен директор” и прв братучед на градоначалникот Ристески, најдобро зборуваат следните бројки кои се провлекуваат неколку години со ред:
• Скоро 30 милиони ден. изнесува долгот на Комуналец кон различни добавувачи на претпријатието, а исто така милионски е долгот кон државата за неплатен ДДВ.
• Педесетина милиони денари, е долг по тужби од вработените, за средства кои спротивно на закон Ристески им ги задржувал.

Почитувани,
Според сето ова, заканите за блокирање на сметката на Комуналец се сосема реални, а повторно ќе бидат спречувани, како што е вообичаено за оваа власт, со пари од џебот граѓаните!
На наредната, 9-та седница на Совет на Општина Прилеп, владејачкото мнозинство ќе си изгласа одлука за префрлање на дополнителни 17 милиони ден. народни пари на сметките на ЈКП-ја. Од кои, најголем дел ќе завршат за „спасување” на Комуналец, за подмирување на долговите и давачки за партиските војници, кои директорот Ристески ги згрижи во Комуналец.

Го повикуваме градоначалникот Марјан Ристески, барем еднаш да ги надмини теснопартиските и роднински интереси, и на веќе завршениот конкурс за избор на дирекор за Комуналец, да избере нов, постручен и подомаќин директор!

Во прилог можете да ги погледнете следните документи:

Обврски по ревизија за 2012 ЈКП Комуналец
Зголемување субвенции на ЈКП Комуналец