Свирни против продажбата на месните домови

svirni protiv prodazbata na domovite 09Валентин Божиноски – Претседател на СДММ-Прилеп

Почитувани,

Празниот политички памфлет, т.н. отчет на градоначалникот, е уште еден доказ ,дека Марјан Ристески комплетно кренал раце од проблемите со кои се соочуваат младите во Општина Прилеп.
Затоа денес, со пароли на неколку раскрсници во градот, ги повикуваме нашите сограѓани со своите возила да „свирнат против продажбата на месните домови” и да ја исвиркаат одлуката на Марјан Ристески да ги продаде истите.
Се надеваме дека звукот, како револт на граѓаните против оваа одлука, ќе стигне до ушите на градоначалникот, и ќе ја запре оваа предизборна распродажба на општинскиот имот.
Градоначалниче, уште еднаш Ве повикуваме, во интерес на сите млади од градот, прифатете ги нашите добронамерни предлози:
• Домот на месната заедница Варош, наместо за партиски штаб на ДПМНЕ, да се пренамени во Детски Креативен Центар.
• Месниот дом во Гоце Делчев, кај бивша солидност, да се пренамени во Младински Културен Центар
• Додека домот Спиро Забрчанец да биде пренаменет во Младински Технички Центар
Гoсподине Ристески, барем еднаш покажете доблест, за прв пат во 8 години, и прифатете ги овие конкретни предлози.
Вашето скапо и луксузно печатено издание т.н. отчет, покажа дека немате ниту еден проект за намалување на рекордната невработеност, ниту едно решение за нови работни места и задржување на младите во градот.
Градоначалниче, иднината на младите е во прашање!

Ви благодарам

{gallery}2012/dekemvri/ok{/gallery}