Sugareski vandalizamПочитувани,
Паниката и нервозата во редовите на ДПМНЕ произлезена од вчерашниот, најголем митинг кој се случил во историјата на Прилеп, изутринава резултираше со гнасно и вулгарно однесување на нивните активисти.

Имено, утрово членови на ДПМНЕ, со спрејови ги исчкртаа и испишаа погрдни, валкани и навредливи натписи со УЧК на месните штабови на СДСМ во Бончејца, Вишне, и Корзо.
Да биде иронијата поголема, гнасните пароли ги пишуваат истите оние кои ги амнестираа хашките случаи и кои Талат Џафери, командантот на УЧК, го поставија за министер за одбрана, со што на најгруб можен начин ги навредија и понижија бранителите.
Следните слики го покажуваат тоа
Истовремено сакам да презентирам уште една слика, на која јасно се гледа, кои се луѓето кои среде бел ден ги нагрдуваат билбордите низ градот. Сакам јавно да прашам:
– Дали ова лице е член на ДПМНЕ и вработен во домот за култура Марко Цепенков?
– Во исто време очекуваме дека Министерството за внатрешни работи ќе постапи согласно своите надлежности и дека во најкраток рок ќе ги пронајде и казни извршителите на овој вандалски чин.
Почитувани сограѓани,
Стравот за судбината на раководството на ДПМНЕ, која ќе им ја испорачате на 24-ти, резултираше со ниско и валкано однесување на нивните активисти.
Очигледено е дека ДПМНЕ нема намера да го почитува кодексот за фер избори, а сега станува повеќе од јасно и зошто не сакаа да го изгласаат изборниот законик со препораките од ОБСЕ И ОДИХР.
Ви благодарам