Судските пресуди против градоначалниците се потврда за расипничкото владеење на ВМРО-ДПМНЕ

12 годишното криминално и коруптивно владеење на ВМРО-ДПМНЕ, остави пустош во општина Прилеп и во Република Македонија.

Судските пресуди против градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ, меѓу кои и градоначалникот на Прилеп Марјан Ристески, се потврда за децениското несовесно и расипничко владеење на ВМРО-ДПМНЕ.

Марјан Ристески, буквално го преспа третиот и дефинитивно последен градоначалнички мандат и не работеше за интересите на граѓаните!

Ристески и ВМРО-ДПМНЕ зад себе оставаат огромна невработеност, задолжена општина, партизирани институции, уништено здравство и ниту еден реализиран капитален проект за граѓаните на општина Прилеп.

Залудни се сите обиди на ВМРО-ДПМНЕ преку празни отчети и лаги за бегалски кампови, да ги затскрие неспособноста, криминалот и корупцијата во своите редови.

После 15 октомври следува детална ревизија на работата на општинската власт и преиспитување на сите сомнителни тендери и договори. Секој што работел незаконски, ќе сноси одговорност.

Граѓаните ја препознаа разликата помеѓу нечесното, деструктивно и коруптивно владеење на ВМРО-ДПМНЕ и одговорното работење на новата Влада предводена од СДСМ.

Затоа, на локалните избори граѓаните ќе изберат нова одговорна локална власт за подобар живот на сите во општина Прилеп.