sveleskiСашо Велески Претседател на ОО СДСМ Прилеп
Почитувани,
Вчера, градскиот плоштад во Прилеп беше претесен да ги собере граѓаните, кои масовно излегоја да дадат поддршка за идниот Претседател на Р.Македеонија, Стево Пендаровски.
Сакам од срце да им се заблагодарам на сите наши сограѓани за позитивната енергија со која вчера испратија јасен и недвосмислен сигнал за ПРОМЕНИ.
Граѓаните на Прилеп покажаа силен ентузијам, искрена решеност и вистинска подготвеност за Промени. Покажаа и заслужуваат да живеат посреќно и поубаво.
Истовремено испратија јасна порака, дека лицето на ПРОМЕНИТЕ во Македонија се вика Стево Пендаровски, вистинскиот избор за Претседател.


Од вчера за прилепчани повеќе нема дилема. Изборот го направија. А тоа е Претседател кој ќе обединува во вистинска смисла на зборот.
Претседател со јасен концепт за граѓанинот пред се. Претседател со кого ќе го разбиеме сивилото и на домашен и на надворешен план. Вистински чувар на уставот, кој нема да биде нем на неправдите и нееднаквоста.
Почитувани сограѓани,
На 13-ти Април Стево Пендароски ќе ги најави ПРОМЕНИТЕ за подобар и подостоинствен живот на сите, а од 27-ми натаму заедно ќе ги реализираме и ќе ги живееме.
Ви благодарам.