sdsmprilep1Реакција на прес на ДПМНЕ од 09.01.2013

Господине Стевананџија, поддржувач на режимот,
Каде е крајот на твоето лицемерие? Дали не сте Вие истиот оној Стевананџија, кој заради лични интереси гласаше за амнестија на хашките случаи – убијците на прилепските бранители?
Дали не сте истиот Стевананџија, кој свесен дека деновите на власт се одброени, неодамна си ја вработи сопствената сестра, како професорка во средното медицинско училиште?
Дали не сте истиот Стевананџија, кој еден месец одбива да се извини и огради од изјавата дека прилепчани се мајмуни?
Вие господине Стевананџија, немате кредибилитет да носите одлуки во име на прилепчани. Вие сте поддржувач на сценариото, да ги скарате прилепчани помеѓу себе. Вие поддржувате да власта го тепа сопствениот народ за пари, за луксус, нови мерцедеси и голфови како што е твојот.
Почитувани сограѓани, отпорот против јаничарите продолжува! Секој ден до Петок, во 17.30 пред хотел Скопје, блокадите ќе продолжат! Режимот ќе падне! МАКЕДОНИЈА НАД СЕ!

Со почит

СДСМ Прилеп