sdsmprilep1Реакција на посетата на носителот од ДПМНЕ на ИЕ4, Ставревски

Почитувани,
Ставревски-кумот на премиерот во заминување Груевски, вообичаено само пред избори доаѓа на гости во Прилеп и без срам, бара поддршка од намачените тутунопроизводители. Истите оние тутунари кои, Груевски ги излажа за просечната цена до 200 ден за килограм годинава, сега се уценувани со договори за производство на тутун да гласаат за ВМРО-ДПМНЕ.
Наместо да ги потценува и да им ја купува душата со нивната мака, Ставревски треба да одговори пред тутунарите и пред прилепчани за системското уништување на тутунскиот комбинат.
Во 8 години партиски кадри на ВМРО-ДПМНЕ, назначувани директно од Никола Груевски, направија пустош во Тутунски-Комбинат Прилеп и над 90 милиони евра загуби. За ова допрва некој ќе одговара!

Треба да оговори, каде се денес кинеските инвеститори кои требаше да вложат во тутунскиот-комбинат. Нема ниту трага, ниту глас од нив!
Слушаме и предизборни фалби дека во комбинатот сега ќе инвестирал тутунскиот гигант „Филип Морис”. Сите ние посакуваме тоа навистина да се случи. Но, граѓаните на Прилеп, како град на тутунот, ваквата манипулација нема да ви ја простат!
Почитувани прилепчани,
Идната Влада на Социјадемократскиот Сојуз на Македонија, даде збор и света обврска дека, ќе ја реши состојбата со загубарот Тутнски-Комбинат Прилеп. Производителите на тутун ќе бидат на врвот на нашите приоритети:
Субвенциите за тутун ќе се зголемуваат, ќе има „зелена нафта” за секој тутунар, тутунот ќе се откупува по три класи и по повисока цена за класа, белите картони ќе се укинат, а секогаш ќе водиме сметка за тутунарите на кои, единствена егзистенција им е тутунот, да имаат предност во склучувањето договори.
Заради сето ова, гласајте за ПРОМЕНИ и за враќање на достоинството на тутунарите.
Со почит,
ОО СДСМ Прилеп