Советниците од власта го штитат криминалот со Пајак службата во Прилеп

Би сакале да дадеме изјава како советничка група на Социјалдемократскиот Сојуз со коалицијата.

Имено на барање на една третина од советниците на Општина Прилеп побаравме вонредна седница на советот на Општина Прилеп согласно деловникот и статутот за работа, да продискутираме за ситуацијата после поднесувањето на кривична пријава од страна на полициската станица од општа надлежност – Прилеп, спрема Јавното Претпријатие за Просторно Урбано Планирање, кон одговорниот за Пајак службата.

На оваа седница сакавме ние како совет, како основачи на ова Јавно Претпријатие да побараме информации за вистинската ситуација во ова јавно претпријатие, пред да започне судска постапка, која што по аналогија следи после поднесувањето на оваа кривична пријава.

Побаравме од службите во Локалната Самоуправа да ни достават информација во врска со финансиските импликации кон буџетот на граѓаните во Општина Прилеп, и за самата финансиска кондиција на ова претпријатие, после евентуалната судска разврска, каде во една нормална судска постапка би се докажала причината за оваа судска постапка, дали била исправна или не, односно колкави штети се нанесени во една таква постапка кон граѓаните на Општина Прилеп.

Исто така побаравме и ревизорски извештај од внатрешните ревизори на Општина Прилеп, кои се задолжени со пратење на финансиското работење на јавните претпријатија, да ни достават извештај за досегашното работење, а не да чекаме некоја судска разрешница, со што би ја симнал дилемата дека подолго време самиот совет бил ставан во заблуда, при разгледување и усвојување на квартални и годишни финансиски извештаи и завршни сметки.

Исто така, аналогно на ова барање е и ревизорски извештај, во услови на потврдување на ова сомнение од надлежните судови, би побарале да се преиспита и да се анализира одлуката на советот за доделување на субвенции кон ова јавно претпријатие. Имено доколку ова Јавно Претпријатие остварувало приходи кои што не се прикажани, тогаш и оправданоста на субвенциите кон ова Јавно Претпријатие би биле ставени под прашање. Значи поставивме барања, ја оправдувавме нашата постапка за свикување на една ваква вондредна седница, но за жал од советниците од мнозинството не добивме поддршка, да во една демократска, затворена дискусија, со факти, аргументи, ние како советници се запознаеме со реалната финансиска состојба, и дали можи да очекуваме некоја ослободителна пресуда, можеби некоја грешка во процедури, или некое занемарување на постапка во самото работење на службаата.

Но, со самото тоа што Советот одби да дискутираме, во една таква атмосвера, за ситуацијата во ова јавно претпријатие, пред судски да се расчисти овој предмет, ни става некакво основано сомнение дека нешто не е во ред, дека нешто се прикрива. А сето она што се прикрива, и сето она што не сакаат колегите да го дискутираат, се ставаат и самите како еден вид соучесници во едно евентуално потврдување на оваа кривична одговорност.

Жал ми е што вака заврши седницата, од една добра намера да расчистиме пред граѓаните, се сведе на тоа дека, советниците се ставаат во улога на заштита на евентуално кривично дело.