Сомнителни набавки на делови за градските автобуси од поранешната локална власт во Прилеп

Соопштение до јавност

Криминалното и коруптивно трошење на парите од граѓаните преку наместени тендери, незаконски јавни набавки и тешки злоупотреби на службените положби, беше одлика на 12 годишната власт на ВМРО-ДПМНЕ.

Набавката на резервни делови за автобусите од градскиот превоз со екстремно повисоки цени од нормалните, за коишто во повеќе наврати јавно информираше новото раководство на ЈП за ПУП, треба да биде предмет на интерес на државни истражни органи.

Институциите мора да ги истражат јавно изнесените наводи за злоупотреби на јавните пари при набавката на делови и сервис за амортизираните и дотраени автобуси со над 20 години старост.

Се набавувале гуми за градските автобуси по цена од 17.200 денари иако истите во малопродажба можат да се набават за 13.000 денари, а претпријатието плаќало огромни суми на приватни приватни механичарски работилници.

СДСМ нема да дозволи граѓаните да го плаќаат цехот за ваквите недомаќински политики на поранешната локална власт предводена од Марјан Ристески.

Секој што ги злоупотребил парите на граѓаните, ќе одговара.

Новата локална власт ги решава наследените проблеми со стариот и дотраен градски превоз. Воведе повеќечасовен бесплатен превоз за пензионерите во секој работен ден.

Започнати се постапките за набавка на нови автобуси за градскиот превоз, со што граѓаните ќе имаат редовен и безбеден градски превоз, а притоа интензивно се работи на ставање во функција на повеќе автобуси.

Со почит!

Центар за комуникации со јавност

ОО СДСМ Прилеп