Почитувани,

Со рекетарство и криминални политики, ВМРО-ДПМНЕ го уништи духот на прилепската чаршијата.

Свежи се сеќавањата на дуќанџиите, на бакалскиот еснаф и на прилепчани воопшто, за заканите од екс градоначалникот на Прилеп, Марјан Ристески дека со “хилти“ ќе рушел бизниси, заради што беше изборно казнет од граѓаните.

Добро се сеќааваат граѓаните на Прилеп, стопанствениците и трговците од старата чаршија на “упадот“ во својот роден град од страна на поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески за нарачаните “пиштења и вриштења“ кога скоро секој дуќан во чаршијата и низ градот беше пломбиран и излепен со жолта траки од нарачани инспекции.

Прилепчани не збораваат и како со сила се превземаа цели компании, како  се уништуваа цели семејства и за бизнис релациите со Австралија на функционери од претходната власт на ВМРО-ДПМНЕ.

Така се грижеше за чаршијата и стопанството, криминалната власт на ВМРО-ДПМНЕ на чело со Никола Груевски, Марјан Ристески и Миле Јанакиески.

Затоа прилепчани нема да дозволат враќање на мрачните политики кои сега Мицкоски и Сиљановска им ги нудат на граѓаните, а се директно координирани од задграничниот комитет во Будимпешта.

Граѓаните препознаа дека се’ што Груевски мисли, излегува од устата на овие двајца негови послушници.

Граѓаните рекоа НЕ за политиките на поделби, конфликт и изолација и ја дадоа својата поддршка за напредок и европска иднина со Стево Пендароски.

Победата од првиот круг на Стево Пендаровски, граѓаните ќе ја запечатат со над 100.000 гласови разлика на 5-ти мај.

Продолжуваме зедно напред!

 

Центар за комуникации со јавност

ОО СДСМ Прилеп