Со потпис на Груевски се затворија прилепските фирми

sdsmprilep1Реакција на Прес од ДПМНЕ – 17.10.2013

 

Г-дине Никола Димоски,
Ве разбираме дека како човек кој нема ниту еден ден работно искуство во стопанството, сте приморани да ја браните погубната економска политика на вашиот лидер, но со празни зборови неможе да се одбрани лажната економска преродба.
Излете малку од Вашите удобни фотељи и од скапите автомобили, прошетајте низ чаршијата која ja затворивте, па прилепчани ќе ви кажат во чие време се ликвидирани најголемите прилепски компании, и со чиј потпис. Впрочем вечерва ќе имате прилика лично да го прашате човекот кој го потпиша ФЕСAЛ-2 аранжманот и ги затвори прилепските фирми.
Патем, ајде соберете храброст и излезете на едно сочување, па пред целата јавност да ги вкрстиме аргументите за состојбите, и во прилепското стопантво, и за лажната намалена невработеност, и за тоа дали прилепчани денес живеат побогато или посиромашно од пред 7 години.

Со почит,
Центар за Комуникации со Јавност
ОО СДСМ Прилеп