Валентин Божиноски – советник во Совет на Општина Прилеп

 

Почитувани,

Концептот „Парите кај граѓаните“, како еден од столбовите на Програмата на СДСМ, дава реални и видливи резултати, кои ги чувствува секој граѓанин.

Успешно се одвива повратот на 15 отсто од платеното ДДВ за месеците јули, август и септември, кон сите граѓани кои скенирале фискални сметки преку апликацијата „Мој ДДВ“.

Само за првиот квартал од спроведувањето на мерката поврат на ДДВ, над 3.000.000 евра завршуваат на личните сметки на граѓаните, а после декемвриската исплата, во редовни интервали на секои три месеци ќе следува нов поврат на средства.

Над 170.000 граѓани, корисници на апликацијата „Мој ДДВ“, досега скенирале над 38.000.000 фискални сметки, што е најдобар доказ дека мерката е широко прифатена од граѓаните.

Со оваа мерка за првпат државата враќа пари директно кај граѓаните, а Управата за јавни приходи станува нивни партнер.

Граѓаните не само што станаа „даночни инспектори“ и помагаат во сузбивање на сивата економија, туку гледаат и директен бенефит по нивниот џеб.

Почитувани,

Цели 11 години криминалната власт на ВМРО-ДПМНЕ немилосрдно ги грабаше и крадеше народните пари, а граѓаните осиромашуваа додека се богатеше фамилијата од белиот дворец.

Власта на ВМРО-ДПМНЕ земаше пари од граѓаните, а власта на СДСМ враќа пари директно во рацете на граѓаните.Тоа се два целосно различни концепти.

Како одговорна партија, остануваме на страната на граѓаните, продолжуваме на правиот пат и реализираме мерки со кои го подобруваме животниот стандард на секој граѓанин.