Со криминалци и осуденици на партиски функции, ВМРО-ДПМНЕ останува деструктивна партија

Почитувани,

Партијата која за претседател на централната партиска Комисија за локална самоуправа го поставува осудениот екс градоначалник на Општина Прилеп, Марјан Ристески, нема кредибилитет да зборува за криминал, чесност и одговорност.

Се’ додека хидро – Мицкоски, е опкружен со криминалци и осуденици, на кои им ги доверува клучните партиски функции, ВМРО-ДПМНЕ нема да излезе од криминалната, профитерска и деструктивна матрица.

Јасно е дека во фокусот на Мицкоски и неговите локални координатори на Општински комитети, е исполнувањето на единствената задача која им е доверена од нивниот ментор од Будимпешта, а тоа е заштита на криминалот и криминалците во редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

Но, од правдата бегање нема. Секој ќе одговара за злоупотребите на парите од граѓаните, почнувајќи од бегалецот Груевски, па се’ до екс градоначалникот на Прилеп, Марјан Ристески и неговиот тим директори на Јавните комуналните претпријатија за кои се водат серија постапки.

Граѓаните и чесните членови на ВМРО-ДПМНЕ, со право бараат оставки и одговорност од Марјан Ристески, како и од Петар Ристески, кој наместо да промовира политичка култура и идеи за напредок, влегува во физички пресметки и инциденти со свои сограѓани.

И додека ВМРО-ДПМНЕ од петни жили се става во одбрана на криминалците, СДСМ активно работи на подобрување на животот на граѓаните.

Реконструкцијата и проширувањето на мостот и целата улица „Трајко Николоски“, градскиот стадион „Гоце Делчев“ каде во полн ек се градежните зафати, како и комплетното реконструирање на градскиот булевар, се само дел од капиталните проекти, со кои ќе се гордеат сите прилепчани.

Центар за комуникации со јавност

ОО СДСМ – Прилеп