Сите Роми во населбата Тризла 2 ќе добијат услови за квалитетен живот

Почитувани граѓани,

Жално и трагично е колку еден Ром, во случајов г-дин Ајдини, не се грижи за своите сограѓани, колку за личните интереси во замена за гласови за Марјан Ристески.

Г-дин Самија Ајдини и самиот знае дека во 12 години за Ромите ништо не е направено во Прилеп, оттука е и неговата минимална поддршка, што само неколку мина ги држат неговите фотографии во рака.

Двајцата лидери на ромските политички партии, Самка Ибраимоски и Неџдет Мустафа, даваат поддршка на политиките на СДСМ и се во коалицијата со нас, затоа што знаат дека ние го враќаме достоинството на Ромите.

Заложбите на кандидатот за градоначалник Илија Јованоски, којшто од понеделник ќе стапи на функција во Општина Прилеп, не се за селење на сиромашните граѓани од Три багреми и Мексико, туку преку посебен проект изнаоѓање на сигурно, станбено решение, така што овие жители наместо картонски бараки, ќе имаат сигурен дом.

Дополнително за овие граѓани од понеделник започнуваат проекти со кои ќе имаат вода за пиење, ќе имаат превоз за своите деца, ќе имаат квалитетно училно осветлување, хигиена во населбата.

Домовите на овие наши сограѓани ќе бидат приклучени во мрежите на електрична енергија, водовод и канализација. Ќе поставиме ограда околу каналот на Дабничка река и редовно ќе се чисти отпадот од реката.

За разлика од негрижата и криминалните политики на Марјан Ристески, за СДСМ и Илија Јованоски, социјалните политики се на прво место. Ние спроведуваме реформски политики на секое ниво и во интерес на сите граѓани.

Затоа, во недела сите заедно ќе ја славиме победата над локалниот режим!

Сите граѓани масовно ќе го заокружат бројот 19 за живот во Прилеп за сите!