Шилегов: Власта на Груевски одбивала `се што ќе се побара за здравството!

Петре Шилегов, портпарол на СДСМ

Лагите и лицемерието на НиколаГруевски и Никола Тодоров немаат крај.

Последниве денови се растрчани низ државата и се расфрлаат со најави и ветувања за медицинска опрема и изградба на објекти во здравството.

Но, нели вистината е како шило.

Ова се официјални документи од Владата коишто потврдуваат дека дуото Груевски и Тодоров лажат и дека нивниот интерес за здравството и здравјето на граѓаните е лажен и лицемерен.

Наспроти нивните ветувања за наводни инвестиции во објекти и опрема во здравството  во висина од 33 милиони евра, еве што всушност се случува:

-За побарана медицинска опрема на Кардиологија – Министерството за финансии одговара: Да не се преземаат активности кои создаваат нови финансиски обврски по Буџетот.

-За рендген служба во општина Кривогаштани – истиот одговор – Да не се преземаат активности кои создаваат нови финансиски обврски по Буџетот.

-За изградба на центар за хронични рани во Геронтолошкиот завод 13 Ноември во Скопје – истиот одговор – Да не се преземаат активности кои создаваат нови финансиски обврски по Буџетот.

-За Реконструкција на Општа Болница во Струмица – истиот одговори – Да не се преземаат активности кои создаваат нови финансиски обврски по Буџетот.

-За изградба на амбуланта во Секирарци – истиот одговор – Да не се преземаат активности кои создаваат нови финансиски обврски по Буџетот.

-За пункт за итна помош во Идризово – истиот одговор – Да не се преземаат активности кои создаваат нови финансиски обврски по Буџетот.

-За реконструкција на Здравствен дом Здравје во Валандово – негативно мислење од Министерството за финансии.

Ова е доказ за невиденото лицемерие на Груевски и Тодоров. Едно зборуваат во јавност, другото се случува во позадина.

Е ова е вистинското лице на неодговорната власт на Никола Груевски.

Груевски и Тодоров не можат да ги лажат повеќе граѓаните.

На 11 декември доаѓа одговорна Влада, на којашто еден од врвните приоритети ќе и биде здравјето на граѓаните на Република Македонија.