1-sdsm12okt 960x540Почитувани,

Во присуство на Заменик Претседателката на СДСМ, Радмила Шеќеринска и неколку стотици граѓани на Прилеп, под мотото „празнувај и дружи се”, ОО на СДСМ од Прилеп вчера го организираше традициналниот цобир по повод празникот 11-ти Октомври – Денот на народното востание, во манастирот Св.Димитрија во селото Селце.

Акумулирајќи огромна позитивна енергија од собирот, граѓаните истакнаа – Прилеп повторно ќе биде град херој, град предвесник на слободата. Истовремено се потенцираше потребата од повторно поттикнување на слободарскиот дух во градот, кој од страна на власта е загушуван и погазуван на секој чекор.

Шеќеринска се заблагодари на граѓаните за топлото добредојде на веќе традиционалниот собир и нагласи дека на чело со СДСМ, Македонија повторно ќе биде слободна и демократска земја, со шанси и услови за благосостојба на сите.
Заедно со Шеќеринска на граѓанскиот собир во Прилеп, покрај прилепските Пратеници Хари Локвенец и Горан Сугарески, присуствуваа и Петре Шилегов и Бетиан Китев.

Со почит,
ОО СДСМ Прилеп