Се отвори новата градинка во Прилеп, се решава проблемот со местата за деца

Почитувани,

Криминалната ДПМНЕ, длабоко пропадната во безидејност и апатија, немајќи што да понуди на граѓаните, продолжува да пласира лажни вести и невистини.

Лажна вест и манипулација е информацијата што ДПМНЕ очајно се труди да ја пласира во јавноста за партизација во градинките. Клеветите и конструкциите, не се ништо ново за криминална партија која со таквиот пристап долго време ќе остане во опозиција.

Советникот од ДПМНЕ, Виктор Здравески, наместо да шири измислици во јавноста, треба да го праша својот координатор, Петар Ристески, како се вршеа вработувањата во прилепската болница Борка Талески. Токму првиот човек на ДПМНЕ во Прилеп како поранешен директор на болницата им порача на вработените дека сите тие се вработени не од што се професионалци, ами затоа што се партиски членови.

Денес, не постојат никакви списоци за места во градинки. Тоа е само во главата на криминалците од ДПМНЕ. Партизираноста на институциите и поделбата на граѓаните на политички основ беше симбол на 12 годишното владеење на Груевски и неговите локални послушници. Тоа време заврши и никогаш повеќе нема да се повтори.

Институциите се ослободуваат од стегите на поранешниот режим и работат само во интерес на граѓаните. Локалната власт работи на подобрување на условите во сите постоечки градинки, а од денес и официјално почна со работа новата градинка во ОУ „Рампо Левката“. Веќе се работи и на проекти за нови градинки со кои трајно ќе се реши потребата од места за децата во предучилишна возраст.

 

Со почит,

Центар за комуникации со јавност

ОО СДСМ Прилеп