СДСМ за повисоки пензии ВЕДНАШ!

sugareski press sdsm za penzii vednasГоран Сугарески – Пратеник од СДСМ во Собранието на Република Македонија

 

Почитувани прилепчани,

Брутална лага и манипулација е дека СДСМ е против зголемување на пензниите за пензионерите. Тоа го потврдивме со нашето гласање за скратена постапка, односно гласавме за побрзо донесување на законот за пензионерите.
Како е можно да бидеме против повисоки пензии за пензионерите, кога во исто време бараме побрзо донесување на законот за повисоки пензии?
Единствен виновник, за недонесувањето на законот за пензионерите, е ДПМНЕ кои со нивниот коалционен партнер ДУИ го блокираат законот за бранители, а со тоа ја блокираат и комисијата за труд и социјална политика. Се друго се валкани злоупотреби и манипулање со јавноста.
Изминативе денови ДПМНЕ; брутално ја лаже и манипулира јавноста , со изнесување лаги и невистини поврзани за земјоделците и другите социјални ранливи категории граѓани.
Дпмне заобраваат дека се 7 години на власт и дека се целосно одговорни за се што се случува државата.
Бидејќи сите ние, и политичарите и вие медимите, сносиме одговорност за состојбите во градот и државата, со цел да ги расчистиме работите, сакам да дадам еден конкретен предлог:
Предлагам до единствениот локален ТВ медуим во Прилеп, да организирате, и да бидете домаќини на неколку ТВ дуели или дебати, помеѓу пратениците од власта и опозицијата, а понатаму и помеѓу кандидатите за градоначалници.
Конечно прилепската јавност да види, кој лаже, а кој ја зборува вистината. Кој е за повисоки пензии, за социјална помош, за и против законот за бранители, а кој сака да собере само политички поени.
Ви благодарам.

Новинар:
Имам коментар, убав ви е предлогот.

Сугарески:
Постојано на пресконференции сте повикувани и од едната и од другата страна, има разноразни обвинувања од типов овај е за, овај е против, и затоа, за да ја расчистиме целокупната работа, во секој момент и тоа еве оставам на телевизијата да си одбере време, термин, место, кога сака, во секое време сум спремен нека одговорат на повикот вечер, утре, кога што сакаат нема проблем.
Новинар:
Како се блокира работата на Комисијата за труд и социјала од страна на партијата на власт?
Сугарески:
Прво, значи во изминатиот период ние бевме обвинувани, конкретно претседателката на Комисијата – Цветанка Иванова дека не закажува друга комисија, бидејќи во моментот се носи законот за бранители. Кога имаше таа закажано друга комисија, први ВМРО-ДПМНЕ обвинија, дека ние го кочиме носењето на законот за бранители. Тие имаат механизми, ако сакаат Претседателот на Собранието може веднаш да закаже комисија, меѓутоа треба да биди свесен дека во истиот момент ја зема одговорноста за законот за бранители. Затоа што, ако ја гледаме реално ситуацијата, ДУИ има поднесено 15 700 амандмани, ако видеме до моментов дека само 30 амандмани се поминати, СДСМ гласаше за сите предлози и за скратување на дебатите и за скратување на амандманската постапка и за скратената постапка. Така да чиста е работата! СДСМ во делот на законот за бранители има конзистентен став:
– Во 2008 год. јас како пратеник и тогашната пратеничка група гласаше ЗА донесувањето на тој закон. Тој беше потикнат од 30 000 граѓани кој што беше преку од тогашното здружение „Достоинство” доставен во Собранието на Р.Македонија. За разлика, тогаш ВМРО-ДПМНЕ гласаше против и тврдам дека со договор со ДУИ сега е донесен, внесен во Собрание тој закон. Има и една друга разлика, јас како пратеник и мојата претеничка група не гласаше за Хашките случаеви, ВМРО-ДПМНЕ гласаше за нив.

Новинар:
Покрај пензиите, став личен ваш, на партијата зошто не реагирате, еве втора година по ред нема покачување на платата во јавната администрација, има за пензионерите, а нема за администрацијата?

Сугарески:
Значи видете, тоа како што кажав и претходно, тоа е уште една груба лага и манипулација, тие во изборната програма, односно, манифестот и во програмата на Владата внесоа, дека секоја година парцијално и во 2013г. и во 2014г. 5% ќе ја зголемат платата. Тие не ја зголемија платата. Излагаа! Ние реагиравме, меѓутоа очигледно е дека тие немаат намери, постојано лажат, меѓутоа факт е дека она што го тврдат дека во нивната програма се што е пишано се реализира, е нова лага. И сега каде ќе биде оштетена јавната администрација, тие со закон рекоа дека од 2012г. ќе биде во 2013г. значи фактички се украдени 5% бидејќи само за 5% во Декември 2013г. ќе биде зголемена, а дотогаш требаше да биде за 10% со самото кратење на овие 5% остануваат. Никој неможе да гарантира дека и тогаш ќе биде зголемена за 5% бидејќи исто така и во тој временски период можи да се донеси закон со кој што до колку велиме ние недај Боже тие да се и тогаш на власт. И затоа имаме директен предлог и тоа бараме во секој момент предвремени парламентарни избори да видиме и јавната администрација и пензионерите и земјоделците како ќе гласаат. Тврдиме дека уште полоша е ситуацијата од 5 Јуни 2011г. уште полоша, уште покатастрофална, а Прилеп е најотепаниот економски град во Р.Македонија тоа го тврдам и го кажав во дебатата за буџетот која што се води во Собранието на Р.Македонија.

Новинар:
Каква е состојбата со пензискиот фонд, се подоцна и подоцна се исплаќаат пензиите?

Сугарески:
Значи видете, има една ситуација и тоа многу чудна, на една од дебатите во Собранието баш беа измените на законот за пензиско и инвалидски осигурување, Министерот за финансии излезе со податок дека има зголемување на бројот на вработувањето, моето логично прашање беше вакво:„Како е можно да има зголемување на вработувања, а од друга страна пензискиот фонд да биде послаб со пари”? До ден денеска никој тоа неможи да го објасни, економски нелогично. Тие зборуваат дека во даден момент 75000 луѓе од кога се дојдени на власт се запослени. Прво прашање е каде, затоашто тврдат дека на немаат зголемено администрацијата во толкава мера, а ние не гледаме никаде дека некави фабрки или нешто е отворено за да се вработат луѓе. И затоа нема логика, лошо е, катастрофално е и во Здравствениот и во Пензискиот фонд.