sdsm prilep se pokloni 05Почитувани,

Општинската организација на СДСМ од Прилеп се поклонува пред пожртвуваноста на загинатите припадници на Министерството за внатрешни работи во Куманово, и изразуваме најдлабоко сочувство до нивните семејства.
Во нивна чест и слава, денес, претставници и членови на СДСМ од Прилеп, положија свежо цвеќе пред споменикот на бранителите во центарот на градот.
Во овие тешки моменти и денови за жалост за Република Македонија, испраќаме повик за смиреност и присебност на сите граѓани во општина Прилеп, без разлика на националната, верската и политичката припадност. Да не дозволат да бидат вмешани во сценарија за ескалација на состојбите и дестабилизација на Македонија, што може да доведе до нови трагедии.

Со почит!
ОО СДСМ Прилеп